Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗВЕСТУВА ДРЖАВНИОТ ВРВ Немало безбедносни закани, ниту ризици
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗВЕСТУВА ДРЖАВНИОТ ВРВ Немало безбедносни закани, ниту ризици

11/11/2026

AA

Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале на безбедносни закани или ризици што би наложиле известување на државниот врв, истакна директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева на надзорната расправа во Собранието за случувањата со Алта банка.

Одговарајќи на прашања на пратениците, Јаковлева нагласи дека пред секоја информација да биде доставена до надлежните институции, таа минува низ процес на проверка и евалуација.

– Во моето излагање кажав дека во моментот немавме информации кои ги споделивме до државниот врв конкретно. Пред да се споделат одредени информации, следи сериозна фаза на нивна евалуација, задолжителна проверка на нивната точност и веродостојност, како и оцена на релевантноста на изворите. Не биле исполнети условите за задолжително известување на државниот врв поврзано со Алта банка – рече Јаковлева.

Таа посочи дека Агенцијата останува посветена на следење на сите појави што може да имаат влијание врз националната и економската безбедност и дека е подготвена во затворен формат да сподели дополнителни информации со надлежната собраниска комисија.

На дополнително прашање од пратеничката Славјанка Петровска дали Агенцијата располага со сознанија за контакти на лица од политичкиот, бизнис или од медиумскиот сектор во земјава со Давор Мацура во врска со Алта банка, Јаковлева рече дека нема такви конкретни информации.

– Во овој случај можам да кажам дека немаме конкретни информации кои би можеле да ги споделиме во однос на конкретни активности. За сите активности кои ги следиме сме координирани со безбедносните институции во државата и со меѓународните партнери – рече директорката на Агенцијата за разузнавање.

Таа потсети дека Агенцијата нема извршни овластувања, туку улога во навремена размена на информации и рано предупредување, а сите релевантни сознанија ги споделува со институциите што имаат законски надлежности да постапуваат.

Одговарајќи на прашање на пратеничката Лидија Петковска за пошироката безбедносната состојба, Јаковлева рече дека Агенцијата ги следи последиците од војната во Украина, состојбите на Блискиот Исток, регионалните политички кризи, странските влијанија, хибридните закани, тероризмот, кибер безбедноста и енергетската и економската безбедност. Според неа, размената на информации со НАТО и со партнерските служби е континуирана и претставува клучен елемент во обезбедувањето навремени и проверени информации за државниот врв.

На почетокот од своето обраќање, Јаковлева истакна дека Агенцијата за разузнавање како надворешна разузнавачка служба е надлежна да собира, анализира и да проценува информации од значење за националната безбедност, надворешната политика, одбраната и економските интереси на државата, притоа постапувајќи согласно начелата на законитост, објективност и политичка неутралност.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА БЕШЕ СОЛВЕНТНА ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕТО АДМИНИСТРАЦИЈА, СО ДОБРО КРЕДИТНО

11/11/2026
Македонија

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46736
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД НЕДОСТИГ НА ПРАВДОЉУБИВОСТ Граѓаните се

11/11/2026

Лошите резултати во правосудството не се поради буџетот на судството и обвинителството, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Јас можам да

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА „Соработуваме со ЕУ,

11/11/2026

Исламскиот Младински Форум реагира на информацијата дека Кривичниот суд во Каиро, Египет, ја прогласи оваа граѓанска организација од Македонија за

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС До сабота топло,

11/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy