
ВИДЕО Со автомобил случајно сруши куќа – вакво нешто не се памети!
Неверојатна ситуација се случи при излетување на возило од коловозот. За време на улична автомото трка на Канарските Острови, дојде до инцидент.
Делумно поради маглата, а секако и поради неприлагодената брзина, возачот Јерај Лемес ја загуби контролата над својот автомобил и удри во една куќа – која од силата на ударот се урна.
Еве и видео-снимка од инцидентот:
Според првичните извештаи на медиумите, во куќата за среќа немало повредени, а споменатиот возач поминал само со полесни повреди.