Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шведска против вета: Поддршка за Македонија во евроинтеграцискиот процес
Македонија

Шведска против вета: Поддршка за Македонија во евроинтеграцискиот процес

19/04/2026

AA

Шведска е еден од најсилните поддржувачи на проширувањето на Европската Унија и цврсто стои зад Македонија во нејзините преговори за членство, порача шведскиот амбасадор Ола Сулстром во интервју за ТВ24. Тој нагласи дека неговата земја не само што не иницира, туку и не поддржува вета во процесот на интеграција, верувајќи во систем базиран на заслуги.

Амбасадорот Сулстром беше дециден дека патот до полноправно членство води исклучиво преку „реформи, реформи и реформи“. Иако процесот е долг и комплексен, тој смета дека е вреден за трудот, посочувајќи го искуството на Шведска која бележи огромен бенефит од своето членство од 1995 година.

Во однос на пречките од страна на Бугарија, амбасадорот порача дека Шведска поддржува секаква иницијатива што носи поголема јасност во преговарачката рамка. Како потенцијално решение за надминување на ќор-сокакот, тој ги посочи инфраструктурните проекти, како Коридорот 8, кои можат да послужат како „политички мостови“ за зближување на двете земји.

Шведска, исто така, го поддржува моделот на одлучување со квалификувано мнозинство за прашања поврзани со проширувањето, со цел да се избегнат блокадите и да се овозможи поробустен европски одговор.

Сулстром не се согласува дека фокусот кон Украина и Молдавија е на штета на Западниот Балкан. Напротив, тој смета дека руската агресија врз Украина создаде нов политички импулс и динамика за проширување која регионот треба да ја искористи.

Оценувајќи го досегашниот напредок на Македонија, амбасадорот направи сликовита компарација:

Покрај евроинтеграциите, Сулстром го истакна и новото ниво на партнерство како сојузници во НАТО. На економски план, во земјава веќе се присутни околу 30 шведски компании, вклучувајќи ги гигантите како „Ериксон“ и „H&M“, но амбасадата активно работи на привлекување нови инвестиции, каде што клучна улога игра и македонската дијаспора во Шведска, која брои меѓу 20.000 и 25.000 луѓе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy