Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКРАТЕНА КАЗНАТА ЗАТВОР ЗА СУДИЈАТА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ Летово ќе излезе на слобода по одлежување казна од 2 години и 2 месеца
Македонија

СКРАТЕНА КАЗНАТА ЗАТВОР ЗА СУДИЈАТА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ Летово ќе излезе на слобода по одлежување казна од 2 години и 2 месеца

19/04/2026

AA

Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Ѓорѓиев, кој беше осуден за примање мито, откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна.

Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе веќе летово, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци, објави порталот Скопје 1.

Претходно, Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септември годинава. Георгиев на тоа решение поднел жалба до Апелација, каде дополнително му е скратена казната за уште два месеца.

Во жалбата Георгиев навел дека се однесувал примерно во затвор, ги почитувал правилата, но и дека има 63 години и нарушена здравствена состојба. Овие аргументи биле прифатени од судот.

Според порталот, дел од казната Георгиев веќе ја издржувал во олеснет режим. Од мај минатата година бил ангажиран како магационер, при што излегувал од затвор во текот на денот, а се враќал навечер, практично само преспивајќи во ќелија. Користел и викенд-отсуства.

Како што е познато, судијата Георгиев беше фатен како зема мито од 10.000 евра. Тој се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во предметот за примање мито од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев за казна затвор од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy