
ВИДЕО Први снимки по пукањето во Штип, со пиштол пукал во кафич во центарот на градот
Први снимки по пукањето во кафуле на градскиот плоштад во Штип.
Според неофицијални информации, едно лице загина.
Се работи за престрелка меѓу двајца студенти – државјани на Турција.
„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.