Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Претреси во Скопје, уапсен дилер, запленет имот вреден над 600.000 евра!
Македонија

ВИДЕО Претреси во Скопје, уапсен дилер, запленет имот вреден над 600.000 евра!

14/01/2024

AA

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. (45) од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.

Во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број лица.

На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и др., а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.

По приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје ќе донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 1,5 милијарди денари дополнителна поддршка за земјоделците и водостопанството

30/06/2026
Македонија

МВР приведе 14 возачи низ државата – без дозвола и

30/06/2026
Македонија

Нови контроли на цените: Инспекцијата ќе анализира стотици производи од

30/06/2026
Македонија

Министерство за здравство: Сите хируршки сали во Клиничкиот центар работат

30/06/2026
Македонија

Собранието усвои нови правила за електричните тротинети – возење само

30/06/2026
Македонија

Девет лица приведени низ државата поради дрога, наркотични средства пронајдени

30/06/2026
Македонија

Трагедија во Куманово: Загина мотоциклист во судир со автомобил

30/06/2026
Македонија

Ѓорческа поразена на дебито на Вимблдон

30/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 1,5 милијарди денари дополнителна поддршка за земјоделците и водостопанството

30/06/2026

Земјоделскиот сектор ќе добие дополнителна финансиска поддршка преку предложениот ребаланс на Буџетот, со кој се обезбедени над 1,5 милијарди денари

МВР приведе 14 возачи низ државата – без дозвола и под дејство на алкохол

30/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило

Нови контроли на цените: Инспекцијата ќе анализира стотици производи од потрошувачката кошничка

30/06/2026

Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе спроведе засилени контроли во трговските синџири, при што ќе бидат опфатени меѓу 600

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy