Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претреси во Скопје, од дилер запленет имот вреден над 600.000 евра
Магазин

Претреси во Скопје, од дилер запленет имот вреден над 600.000 евра

14/01/2024

AA

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. (45) од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.

Во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број лица.

На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и др., а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.

По приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје ќе донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби.

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46446
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен и врнежлив ноември

29/10/2026

Променливо облачно време, повремени врнежи од дожд и постепено заладување ја очекуваат Македонија во наредните три дена. Врнежи се најавуваат

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека политиките кои ги води се

29/10/2026

Премиерот вели дека Владата е фокусирана на проекти, дека ја зголемила борбата против криминалот и дека ги брани државните интереси.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy