Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН – Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора
Економија

(ВИДЕО) ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН – Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора

18/09/2023

AA

Нефункционирањето на правната држава, непочитување на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес ја носат државата кон економски пропаст. Овој заклучок на бизнис секторот е наведен во Декларацијата за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки што ја донесе Стопанската комора на Северна Македонија по повод својата стогодишнина. Во неа бизнисот бара враќање од „партиската“ кон „државната агенда“, зашто како што стои во Декларацијата, ваквата ситуација е неодржлива и на долг рок води кон економска пропаст на земјата.

Од Стопанската комора велат дека Декларацијата е водич за успешна и одржлива економска реформа во која се бара економската политика да се стави над сите партиски приоритети. Ставовите кои се наведени во неа веќе се потпишани од над 300 најзначајни компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации. На ред се политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ е првата парламентарна партија што ја потпиша Декларацијата минатиот месец.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.

„Ние гледајќи ги сите работи, тргнувајќи од тоа дека создаваме пари од кои секој троши и се расфрла во оваа држава, решивме минатата година, на 100 годишнината наместо прослави да седнеме и да видими што е тоа што треба да го направиме. И нормално, донесовме една Декларација за која сите луѓе рекоа дека е визионерски документ во кој клучна точка е менувањето на менталитетот. Ова е направено така што секој збор има своја тежина и вистина. Време е да ги дефинираме приципите на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети, академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата“, вели Азески.

Стопанската комора во Декларацијата потсетува дека македонската економија остварува разочарувачки бавен раст.Од 1992 година наваму има реален раст на БДП од 1.7 отсто просечно годишно. Учеството на јавниот долг во БДП се зголеми од 23 отсто во 2008 година на 57,9 отсто на крајот на јуни 2023 година. Маневарскиот простор за нови задолжувања се стесни и земјата се соочува со ризикот да стане презадолжена доколку трендот на задолжување продолжи.

Македонија не успеа да го реформира својот образовен систем и не продуцира кадри со знаења и вештини што ги бара пазарот и новото време. Во текот на три децении Македонија не успеа да го заокружи квалитетното инфраструктурно поврзување, ниту во земјата ниту со соседните земји. Поради отсуство на конзистентен пристап земјата остана високо зависна од увоз на енергенси, а со тоа и подложна на силни ценовни удари без обезбедена алтернатива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТДП на чекор до владина коалиција, продолжуваат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

23/06/2026
Македонија

ФОТО КПУ Затвор Скопје ја зголеми безбедноста со четири нови

23/06/2026
Македонија

Претрес во Росоман: Пронајдена дрога, приведено едно лице!

23/06/2026
Македонија

Македонија се приклучува кон EU4Health: Нов чекор кон европски стандарди

23/06/2026
Македонија

Уставниот суд изгласа повисоки плати од октомври, ќе важат старите

23/06/2026
Македонија

Денеска ќе има привремен прекин на системот „МојДДВ“

23/06/2026
Македонија

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026
Македонија

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТДП на чекор до владина коалиција, продолжуваат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

23/06/2026

Турската демократска партија (ТДП) е блиску до договор за влез во Владата, а разговорите со владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат и

ФОТО КПУ Затвор Скопје ја зголеми безбедноста со четири нови службени кучиња

23/06/2026

Казнено-поправната установа Затвор Скопје ги зајакнува безбедносните капацитети со воведување нова поддршка за чуварската служба. По подолг временски период, установата

Претрес во Росоман: Пронајдена дрога, приведено едно лице!

23/06/2026

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице На 22.06.2026 во 18:20 часот во Росоман, полициски службеници од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy