
(ВИДЕО) Полицијата го соопшти идентитетот на напаѓачот: Децата ги избодел бегалец од Сирија кој лани поднел барање за азил
Четири мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично објави дека осум деца се повредени. Животите на три жртви се во опасност. Децата се на околу три години, соопшти полицијата.
Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утринско излегување кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде. Некои од децата биле во колички, јавува Би-Би-Си. Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, а потоа нападнал постар човек кој се движел во близина. Во тој момент интервенирала полицијата, при што напаѓачот бил застрелан во нозете и го совладал.
Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х., сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година. На Твитер се појави видео на кое, како што се тврди, се гледа како напаѓачот бега низ паркот.
🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah
— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека напаѓачот е уапсен. Се уште не се јасни точните околности на нападот. Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот, рече Дарманин.
Францускиот претседател Емануел Макрон твитна за нападот со нож, нарекувајќи го чин на „кукавичлук“.
„Нацијата е во шок“, додава Макрон. „Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и итните служби“, додаде тој.

