
(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ВО ГРЦИЈА: Итните служби бараат ограничување на движењето на островите
Невреме ја зафати и Грција.
Невремето во Атика почна од запад и се прошири и во други области. Од итните служби бараат ограничување на движењето на островите.
Веќе се предизвикани проблеми во сообраќајот, додека прекини во снабдувањето со електрична енергија има во различни области во Атина, објави Прототема.
Невреме вчера имаше во Црна Гора и Хрватска. Далмација беше под вода.
