Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Најпотресен момент од трагедијата во Венеција: Телата на жртвите паднаа на земја, свештеник се моли за нивните души, голема тага
Македонија

ВИДЕО Најпотресен момент од трагедијата во Венеција: Телата на жртвите паднаа на земја, свештеник се моли за нивните души, голема тага

04/10/2023

AA

Засега се идентификувани осум од 21 повредени патници на автобусот кој излетал од надвозникот кај Венеција.

Меѓу жртвите во страотната сообраќајна несреќа има пет државјани на Украина и еден германски државјанин, а идентификуван е и возачот на автобусот Алберто Рикото (44) од Тревизо. Хрватските медиуми неофицијално јавуваат дека меѓу жртвите има и трудница од Сплит.

Шест повредени, меѓу кои и деца, се во тешка состојба.

Според агенцијата АНСА, идентификацијата на жртвите е тешка со оглед на тоа што многу тела изгореле до непрепознатливост и затоа што многу туристи немале документи со себе.

– Дојдоа многу роднини, но тешко е со сигурност да се дадат имиња. Поради оваа причина и дадов задача на судската медицина да користи ДНК анализа за идентификација. Се надеваме дека до утре ќе ги идентификуваме сите жртви. Наша желба е што поскоро да им ги вратиме телата на роднините – изјави венецијанскиот обвинител Бруно Черчи.

Јавното обвинителство го отвори случајот врз основа на хипотезата за повеќекратни убиства на пат.

На видеото се гледа дека автобусот се лизгал од десната страна покрај оградата цели 50 метри пред да падне од надвозникот на пругата. Черчи потврди дека нема траги од кочење и претходен контакт со други возила.

– Немаше пожар или истекување на гас од литиумските батерии. Во моментов нема осомничени. Обвинителството набавило и црна кутија од возилото на кое ќе се вештачи – истакна Черчи.

Да потсетиме, трагедијата се случила нешто по 19:30 часот во вторникот, кога автобусот со туристи слетал од надвозникот на железничката пруга, по што се запалил и целосно изгорел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy