ВИДЕО: Мечки им влегуваат во селото, галичани се жалат и бараат надлежните да дејствуваат!
Месната заедица Галичник преку Фејсбук апелира до надлежните да дејствуваат на проблемот со зголеменото присуство на мечки.
Тие бараат да им дадат насоки за делување, бидејќи не знаат како да се справат со непоканетит гости.
„Би сакале да Ве известиме дека МЗГ повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.
Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, велат од таму.