Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Лонг Ајленд гори! Америка на нозе, прогласена вонредна состојба!
Македонија

ВИДЕО Лонг Ајленд гори! Америка на нозе, прогласена вонредна состојба!

09/03/2025

AA

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа американските медиуми.

Огнената стихија не попушта, а силниот ветер кој според прогнозите ќе трае до доцните вечерни часови го отежнува гаснењето на пожарот.

Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, дека густ чад се шири над островот и дека населените места се во состојба на готовност.

Гувернерот на Њујорк потврди дека Њујоршката Национална гарда обезбедува воздушна поддршка со хеликоптер и ги координира своите активности со локалните органи за спроведување на законот, нагласувајќи дека приоритет е безбедноста на жителите на Лонг Ајленд.

„Првиот пожар избувна во саботата околу 13:00 часот, а уште три избувнаа во текот на денот“, потврди директорот на округот Сафолк Ед Ромен на прес-конференција.

Пожарите изгореа структура во близина на аеродромот Францис С. Габрески, каде персоналот беше евакуиран како мерка на претпазливост почнувајќи околу 13:45 часот, изјави портпаролот за Асошиетед прес во изјавата, истакнувајќи дека тоа би можело да биде „повеќедневен настан“ и дека тие се „загрижени поради зголемените ветрови“.

Пожарот избувнал во природниот резерват, од каде што не треба многу да се прошири кон населени места, од кои најблиску е оддалечен околу четири километри.

Еден пожарникар е повреден при гаснење на пожарот и е пренесен во болница поради изгореници од втор степен на лицето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги

29/04/2026
Македонија

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“

29/04/2026
Македонија

ПАДНА ДИЛЕР ВО АЕРОДРОМ: Во подрум криел марихуана, амфетамини и

29/04/2026
Македонија

Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата

29/04/2026
Македонија

За три месеци министерствата потрошиле над 400 милиони евра

29/04/2026
Македонија

Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета мигрантка – не

29/04/2026
Македонија

СИСТЕМОТ ГИ ДОТЕПУВА ЖРТВИТЕ: Над 600 деца сексуално злоупотребени, државата

29/04/2026
Македонија

Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42965
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy