Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Лажна вест за убиство на д-р Жан Митрев кружи на Фејсбук
Македонија

ВИДЕО Лажна вест за убиство на д-р Жан Митрев кружи на Фејсбук

08/06/2025

AA

Лажна вест во форма на видео, во кое се тврди дека кардиохирургот д-р Жан Митрев е убиен, стана вирална на социјалните мрежи. Видеото е објавено како спонзорирана реклама од Фејсбук страницата со име Barczak Nicky Conomon, а до моментот на објавување на оваа вест, има над 137.000 прегледи, повеќе од 1.600 реакции и 75 коментари.

Во видеото е злоупотребено и логото на Канал 5 телевизија, а како спикер е искористен гласот и ликот на новинарот Борислав Тноковски, што дополнително ја зголемува веродостојноста на дезинформацијата за дел од јавноста.

Иако голем број граѓани оставиле коментари со изрази на сочувство, дел од корисниците забележале дека станува збор за манипулација – најверојатно изработена со вештачка интелигенција и аудио-визуелна монтажа.

Страницата Barczak Nicky Conomon се претставува како „бизнис услуга“ и е регистрирана со локација во Њујорк, САД. Сепак, таа нема никаква поврзаност со медиумски организации. Содржините што ги објавува се карактеризираат со необични наслови и т.н. „clickbait“ видеа, од кои дел промовираат здравствени совети, а други – како овој случај – шират лажни вести.

Ова е уште еден пример за опасноста од дезинформации на социјалните мрежи, особено кога се злоупотребуваат брендови на медиуми и јавни личности. Одговорноста за вакви објави, кои можат да предизвикаат паника и забуна, останува прашање и за платформите што ги дозволуваат и за институциите што треба да ги санкционираат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy