ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија со сопругата
Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата. Полицијата поднела кривична пријава против 22-годишен маж од гостиварското село Врапчиште.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против С.А.(22) од с. Врапчиште, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘одземање на дете’“, се наведува во полицискиот билтен.
Во соопштението се наведени и околностите под кои таткото заминал со детето.
„На 21.07.2026 пријавениот, по претходна расправија, го зел своето двегодишно дете и заминал во Р.Швајцарија, без знаење и согласност на сопругата“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
.
Извор: plusinfo.mk