Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје граѓаните побараа одговорност и законски измени за фемицидот
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје граѓаните побараа одговорност и законски измени за фемицидот

08/11/2026

AA

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје маршираа против фемицидите и насилството врз жените. одекнуваа денеска низ центарот на Скопје.

Протестот, организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, беше поттикнат од смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно пријавила насилство и закани по живот, но не била заштитена од трагичниот исход.

Билјана беше пронајдена мртва на 3 ноември во опожарен автомобил кај местото „Ичева чешма“ во Богданци, додека телото на нејзиното 21-годишно момче било пронајдено покрај возилото. На трагедијата ѝ претходеле физички напад, смртни закани и пријава од таткото на девојката, а против момчето била поднесена кривична пријава и подоцна изречени мерки за претпазливост.

Протестот започна во паркот „Жена-борец“, од каде што учесниците со голем транспарент „Нема да нè снема“ се упатија покрај Собранието и Министерството за правда, кон Министерството за образование и наука. Пред зградата на Министерството за правда демонстрантите свиреа и извикуваа пораки против институционалното непостапување.

Фото: Принтскрин

„Истите институции, истите пропусти“

Елена Петрова, една од учесничките на протестот, порача дека смртта на Билјана не смее да се третира како изолиран случај, туку како последица на систем што не успева да ги заштити жените кои пријавуваат насилство.

– Насилникот има историја на насилство. Кога девојче бара заштита и потоа е убиено, тоа е прашање на конкретна одговорност. Ова е фемицид. Секое убиство на жена не е само чин на насилство, туку одраз на многу подлабок неуспех на нашиот систем. Уште колку семејства треба да завиеме во црно додека слушаме изрази на сочувство, осуди и ветувања, а истото продолжува да се повторува. Ова е машко и системско насилство – изјави Петрова.

На протестот беше потсетено и на претходните случаи на убиства на жени, меѓу кои и убиството на Росица, за кое граѓаните протестираа минатата година.

– Денес, во 2026 година, ние сè уште се бориме за најосновното право – да останеме живи. Пред една година стоевме тука и за убиството на Росица и можам да го земам истиот говор и да го прочитам. Истата полиција, истите институции, истите пропусти, истите барања и ветувања. Само името е друго – беше порачано на протестот.

Говорничките ги споменаа и другите жени и девојки кои ги загубиле животите, предупредувајќи дека насилството не смее да се оправдува како љубомора, семејна расправија или момент на неконтролирано однесување.

– Ова не се љубовни драми, моменти на лудило – ова е систем. Системот се вика патријархат и е смртоносен – порача една од говорничките.

Петрова направи споредба и со трагедијата во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 63 лица, нагласувајќи дека станува збор за различни случаи, но дека и во двата се поставува прашањето за институционалната одговорност.

– Ова е држава што не успева да го спречи, туку напротив, го поттикнува. Ова е држава која убива, силува и ги гори своите граѓани. Дали во клуб или во кола, ова е нашата реалност и иднина. Пред неполни две години во Кочани, над 60 млади луѓе изгореа во пожар. Денеска зборуваме за девојче чие тело е пронајдено во запален автомобил. Не ги изедначуваме овие случаи, но во двата мора да прашаме што правеле институциите што имале обврска да спречат опасност – изјави таа.

Фото: Принтскрин

Четири барања до институциите

Организаторите побараа да се утврди одговорноста за сите пропусти во постапувањето пред смртта на Билјана, како и итно усвојување на законските измени за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Тие побараа враќање на поимите род и родова еднаквост во законите, програмите и образованието, како и разрешување на функционерите кои го оправдуваат насилството или повикуваат на контрола врз жените.

– За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Второ, итно поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство. Трето, вратете ги родот и родовата еднаквост во законите, програмите и образованието од каде ги избришавте. Не може да водиме борба против родово базирано насилство додека политички ја поткопуваме самата основа за негово препознавање. Четврто, разрешете ги од јавни функции оние кои што повикуваат на контрола врз жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат нивното потчинување. Ова не се нови барања, истите барања ги повторуваме со години – изјави Петрова.

Учесниците го оспорија и повикувањето на формално исполнети процедури како доказ дека институциите направиле доволно за да ја заштитат Билјана.

– Зборуваме за 17-годишно девојче. Билјана имаше пријавено насилство, имаше судска забрана, но каква корист има тоа кога денес не е жива? – прашаа демонстрантите.

Друга говорничка на протестот рече.

– Институциите се правдаат со протоколи и документи. Единственото нешто што недостигаше е вистинска и навремена заштита.

Маршот продолжи низ центарот на Скопје, а пред Министерството за правда демонстрантите ја исвиркаа зградата и извикаа:

– Ова Министерство нè сака нас мртви!

Учесничките потсетија и на другите жени и девојчиња кои ги загубиле животите. Според нив, секое ново убиство го отвора истото прашање – зошто пријавите и предупредувањата не се претвораат во навремена заштита.

– Во 2026 година убиени се седум жени. Пред неа беа Рамајана, Данче, Росица, Јамка, Марија и Ира. Беа Ивана и шестгодишната Катја, беше Ања – рече една од говорничките на протестот.

Демонстрантите побараа институциите да престанат да се повикуваат само на спроведените процедури и да одговорат дали преземените мерки навистина ги заштитиле жените што побарале помош.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46656
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА Кочанец 3 месеци демнел жена

08/11/2026

Жена од Кочани 3 месеци била изложена на демнење и закани со објавување експлицитни фотографии и видеа, кои биле тајно

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени закони, 5 се донесени, другите

08/11/2026

Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ во Министерството за правда во изминатите 2 години, оцени на партиска прес-конференција поранешниот

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА Преку „Еуростандард банка“ пари се

08/11/2026

СДСМ молчел кога 110 милиони евра од Венецуела се слеале во „Еуростандард банка“, а парите завршувале во фирми блиски до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy