Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева ги демантира обвинувањата за набавка на софтвер за прислушување: „СДСМ лаже, договорот е за форензички лиценци“
Македонија

Митева ги демантира обвинувањата за набавка на софтвер за прислушување: „СДСМ лаже, договорот е за форензички лиценци“

08/06/2025

AA

Владината портпаролка Марија Митева денеска остро ги демантираше тврдењата на СДСМ дека Министерството за внатрешни работи (МВР) набавува сомнителен софтвер за прислушување. Таа ги нарече изнесените обвинувања „ноторни лаги“ и обвини дека токму СДСМ е одговорен за претходната набавка на тој тип на опрема.

„Во целост ја демантирам прес-конференцијата на СДСМ. Сѐ што беше изнесено е ноторна лага. СДСМ ја набави таа форензичка опрема додека беше на власт и многу добро знае дека таа не може да функционира без годишни лиценци. Тоа што сега се набавуваат е само продолжување на тие лиценци, со рамковна спогодба за наредните три години“, изјави Митева, додавајќи дека СДСМ води политика без идеи и излегува со неосновани обвинувања.

Претходно, потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, обвини дека МВР склучило договор за набавка на софтвер кој, како што рече, може да се користи за прислушување и шпионирање новинари и неистомисленици. Тој изрази загриженост дека земјата се враќа кон „режимски практики“.

Митева, во контекст на овие обвинувања, истакна дека набавката се однесува исклучиво на опрема за дигитална форензика и оти станува збор за технички и административен процес, а не за тајно следење.

Во однос на маршот што го одржаа семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, Митева порача дека Владата ја разбира болката на блиските, но укажа дека на настанот се слушнале и, како што рече, „лични напади со политичка позадина“.

„Навистина жалам што некои политички структури продолжуваат со некрофилска традиција, користејќи трагедии за дневнополитички цели“, изјави таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy