Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Хаос во полскиот парламент: Менората изгасната со противпожарен апарат
Македонија

ВИДЕО Хаос во полскиот парламент: Менората изгасната со противпожарен апарат

13/12/2023

AA

Екстремно десничарскиот полски пратеник Гжегож Браун употребил противпожарен апарат за да ги изгасне свеќите на менората во парламентот, по што беше исклучен од седницата.

На видеото објавено од приватната телевизија ТВН24, Браун, член на Конфедерацијата, се гледа како зема апарат за гаснење пожар, шетајќи низ собранискиот ходник до свеќите, по што се создава бел облак, кој ги принудува безбедносните работници да ги евакуираат луѓето од тој дел од зградата.

Тој потоа се упати кон говорницата во собраниската сала, каде што го прогласи Ханука, еврејскиот празник кој започнува на 7 декември и завршува на 15 декември за „сатански“ и додаде дека неговиот чин ја враќа „нормалноста“.

На прашањето дали се срами од својот чин, Браун одговори дека треба да се засрамат оние кои учествуваат во „актите на глорификација на сатаната“.

Претседателот на Собранието Шимон Холовнија го исклучи од седницата и најави дека за неговиот чин ќе ги извести обвинителите. Браун ја напушти салата, откако претходно се ракуваше со други пратеници од екстремната десница.

„Нема да има толеранција за расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот се додека јас сум претседател на парламентот“, предупреди Холовнија.

Во изјавата, полскиот кардинал Гжегож Рис и се извини на „целата еврејска заедница“ во Полска, велејќи дека се срами од постапките на Браун.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy