Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Град Скопје започна акција против дивите превозници: Возилата без лиценци ќе се одземаат до шест месеци
Македонија

ВИДЕО Град Скопје започна акција против дивите превозници: Возилата без лиценци ќе се одземаат до шест месеци

03/12/2025

AA

Градот Скопје денеска започна силна и одлучна акција за воспоставување ред во јавниот превоз. Инспекторатот на Градот, предводен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе се фокусира на дивите превозници – такси-автомобили, комбиња и автобуси кои со години работеле без лиценца, без контрола и надвор од пропишаните правила.

„Законите мора да се почитуваат, ред ќе има! Целта е јасна – да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите кои важат за сите“, истакна Ѓорѓиевски.

Со новата акција, возилата што работат нелегално ќе бидат одземани на период од шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог. Засилените контроли ќе продолжат секојдневно, со уште поголем интензитет во наредните денови.

„Целта не е да казнуваме по секоја цена, туку да создадеме здрав систем каде што секој што работи ќе биде легален, одговорен и во интерес на граѓаните“, додава градоначалникот.

Градските власти нагласуваат дека ова е еден од чекорите со кои се враќа достоинството на Скопје, обезбедувајќи безбеден, сигурен и предвидлив јавен превоз за граѓаните.

„Скопје мора да биде град во кој законите важат за сите, каде редот е правило, а не исклучок. Промените почнаа, а нашиот град секој ден ќе станува поуреден, побезбеден и подобро организиран“, заклучи Ѓорѓиевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
Македонија

Пад на градежната активност: Во јули издадени 367 одобренија за

10/09/2026
Македонија

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и

10/09/2026
Македонија

Клековски: Стивнува епидемијата на западнонилска треска, шест пациенти на Инфективна

10/09/2026
Македонија

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими

10/09/2026
Македонија

Митева: Парите за 35 години независност не се директно од

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45611
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за 11-годишниот македонски пијанист

10/09/2026

Македонското знаме се вееше на сцената во Њујорк, каде 11-годишниот пијанист Андреј Цековски го прими златниот медал и пехарот за

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и засилен ветер

10/09/2026

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од земјава, а според последните радарски податоци, најизразена е облачноста во северозападните и западните

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени 193 нови терапии

10/09/2026

По повеќе од една деценија, здравствениот систем добива нова листа на есенцијални лекови, со која значително се проширува опфатот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy