Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камбовски: Се согласувам со премиерот треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства
Македонија

Камбовски: Се согласувам со премиерот треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства

03/12/2025

AA

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информира дека тековно се изготвуваат проекции на буџетот за наредната година, со планови за вработување и ревизија на сите судови. Според него, буџетот е веќе при крај, а разликата во однос на претходната година ќе се однесува на новите планирани вработувања, додека останатите ресурси, како капитални инвестиции, реновирање на судски згради и набавка на опрема, се планираат секоја година.

Прашан за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да достават список со потребните финансиски средства, Камбовски рече дека се согласува со премиерот и дека е потребно да се има јасен план за буџетските потреби.

– Апсолутно, мислам дека се согласувам со премиерот. Треба да имаме буџет и да знаеме што ни е потребно, за централниот буџет да ги обезбеди тие средства – изјави Камбовски пред денешната 532. седница на Судскиот совет.

Камбовски посочи дека се прават планови за вработување на минимум потребни луѓе за функционирање на судовите.

– Минатиот период имавме состаноци со сите судови во државата и се обидовме да ги утврдиме минималните човечки ресурси што се потребни. Не се работи за максималистички барања, туку за основниот број на вработени кој овозможува судовите да функционираат на задоволителен начин. Разликата ќе биде во бројот на нови вработувања, околу 300 луѓе плус – изјави Камбовски.

Во врска со тврдењата за високи плати на претседателите на судовите, Камбовски нагласи дека нето-платите се значително пониски од 180.000 денари.

– Нето-плата на судија во основен суд со основна надлежност е 86.623 денари, со проширена надлежност 89.346 денари, а претседател на основен суд 99.112 денари. Во Врховен суд, судија зема 105.000 денари, а претседател 114.000 денари. Овие се основни плати, на кои се додава минатиот стаж – појасни Камбовски.

Просечната плата на судиите во Врховниот суд во 2024 година изнесувала 197.000 денари бруто и 128.000 денари нето. Највисоката бруто-плата исплатена во 2024 година била 214.000 денари, а нето 139.738 денари.

Камбовски нагласи дека додатоците за доверливост и ризик при работа не се редовни и зависат од расположливиот буџет.

– На пример, еден месец се плаќа пет отсто, па неколку месеци нема, па се плаќа седум отсто или 10 отсто. Овие додатоци не се редовни примања на судиите – рече Камбовски.

Тој посочи дека платите на судиите се пониски во споредба со соседните земји и дека потребни се поголеми издатоци за судството за да се достигне нивото на регионот.

– Во однос на БДП, можеби се издвојуваат помалку средства за судството отколку што е потребно. За да достигнеме соседните земји, треба да се зголемат издатоците, а за ЕУ да не навлегувам – заклучи Камбовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Томовски: На 20 јуни завршува обновата на старата Комерцијална банка,

26/05/2026
Македонија

Томовски: Зградата на МРТВ не е кречена 50 години, по

26/05/2026
Македонија

Томовски: Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба, изработуваме проекти

26/05/2026
Македонија

Томовски: Државниот возен парк е срамен, купуваме електрични возила за

26/05/2026
Македонија

Томовски: Владин авион не е луксуз туку потреба, граѓаните мора

26/05/2026
Македонија

Томовски: Службените возила со „црвени таблички“ лесно се препознаваат, граѓаните

26/05/2026
Македонија

Пленковиќ и Мицкоски добија признанија за придонес во регионалната бизнис

26/05/2026
Македонија

Важна промена на патарините: Од 15 јуни лентите за MTAG

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43473
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Томовски: На 20 јуни завршува обновата на старата Комерцијална банка, ги ставаме институциите на „европски

26/05/2026

Реконструкцијата на објектот на поранешна Комерцијална банка, која се развлече речиси две години поради лошо затекнати проекти, влегува во својата

Томовски: Зградата на МРТВ не е кречена 50 години, по лифтовите го средуваме покривот и

26/05/2026

Состојбата со работните простории во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ) е алармантна и нехумана, откако објектот со децении бил оставен

Томовски: Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба, изработуваме проекти за спас на резиденциите во

26/05/2026

Горчливиот проблем со државните вили и резиденции конечно добива правна разрешница, откако Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) успеа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy