
(ВИДЕО) ГНЕВ ПОРАДИ ЕВРОТО: Бугарски пратеници се степаа
Тепачка имаше денеска во бугарскиот парламент поради еврото.
Се степаа Кончо Ганев и Јавор Бојанков. Групата објасни дека нема да дозволи ниту еден од пратениците да зборува.
„Ова е црн ден за Бугарија. Јаничарите ја закопуваат нашата земја“, рече Костадин Костадинов, пренесе Ројтерс.
Протест против воведувањето на еврото денес го блокираше центарот на Софија. Демонстрациите се одржуваат пред зградата на Бугарската народна банка (БНБ). Демонстрантите се изјаснија во одбрана на бугарскиот лев и побараа референдум за тоа дали еврото треба да стане официјална валута во нивната земја.