Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) ДОДИК ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР: За Вучиќ оваа пресуда е срамна
Регион

(ВИДЕО) ДОДИК ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР: За Вучиќ оваа пресуда е срамна

26/02/2025

AA

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик доби една година затвор. За српските власти оваа пресуда е срамна. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во Бања Лука за да му даде поддршка на претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој денеска првостепено е осуден на една година затвор и има забрана за вршење на функцијата во период од шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. Вучиќ пресудата ја нарече антидемократска.

„Вечерва, кога е најтешко, одиме во Бања Лука за да му дадеме поддршка на нашиот народ, да се обидеме да влијаеме на сите одлуки што се носат, на крајот да доведат до смирување на ситуацијата и намалување на тензиите, а неговиот претседател, а Република Српска и неговиот претседател да бидат одбранети“, изјави Вучиќ.

Командантот на воените сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), генерал-мајор Флориан-Мариан Барбу денеска изјави дека нема закани за мирот во земјата по првостепената пресуда против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик. Русија смета дека со ова е загрозена стабилноста на Балканот. 

Судот на Босна и Херцеговина донесе пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на „Службен весник на РС“, Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, додека Лукиќ е ослободен.

Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политички функции. Ова е првостепена пресуда, што значи дека постои можност за жалба. Обвинителството бараше максимална казна, која можеше да изнесува до пет години затвор и десетгодишна забрана за политичко дејствување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Сончево и топло до средината на следната недела

04/09/2026

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над

04/09/2026
Македонија

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми

04/09/2026
Македонија

Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно

04/09/2026
Македонија

31 пожар за едно деноноќие – сѐ уште активен пожарот

04/09/2026
Македонија

Поскапе меѓуградскиот превоз, до 11.000 денари месечно за патување до

04/09/2026
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45449
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за август 2026 година,

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над 4,5 милиони денари

04/09/2026

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице, сопственик и управител на правно

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми бројот на обиди на шест

04/09/2026

Зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) што се финансираат од Фондот за здравствено осигурување веќе дава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy