Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Арсовска до Ганиу: Криминалчуго, со фалсификат документи легализираш згради во Чаир, те чекам да се јавиш на главна каса!
Македонија

ВИДЕО Арсовска до Ганиу: Криминалчуго, со фалсификат документи легализираш згради во Чаир, те чекам да се јавиш на главна каса!

27/05/2025

AA

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на нејзината Фејсбук страница обелодени сериозни обвинувања против градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Таа во живо покажуваше зграда која, како што рече, била нелегално легализирана со фалсификувани документи и без никакво одобрение за градба.

„Си извршил легализации спротивно од закон, да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар, криминалецу, што цело време ми се закануваш. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи. Ти се лопов и криминалчуга. Дојди на главна каса, те чекам. Викаш оваа зграда се изградила во 2011 во фалсификуваните документи, а таа уште се гради“, вели Арсовска во видеото.

Таа вели и дека се краде струја и вода, а додава и дека досега спречила легализација на околу 150 дивоградби и обвини дека Ганиу веќе легализирал две слични згради со фалсификувана документација.

„Сите што оправдуваат криминал, сте криминалци како него бе. Или имаш стан во дивоградба или си градел дивоградба бе друже. Немој да ми кажуваш ти на мене дали сум била јас жива. ЕВе затоа што сакам да останам жива, го објавувам Висар Ганиу што ни се заканува, и по мене и по фамилија, и никој не му се плаши. Не ми се заканувај, ако си маж, дојди. Јас сум на терен, го бранам законот и јавниот интерес“, порача Арсовска, додавајќи дека Општина Чаир е единствената во Скопје каде, како што вели, со фалсификати се врши легализација на дивоградби.

Инаку, од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека по допрен глас и по добиено известување од СВР Скопје за сомненијата поврзани со нелегални објекти во Чаир, веќе се преземаат соодветни чекори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy