Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Велосипедистите на протест, бараат безбедност на патиштата и улиците
Македонија

Велосипедистите на протест, бараат безбедност на патиштата и улиците

11/06/2023

AA

Под мотото „Утре можеш да бидеш ти“, десетици членови на велосипедските здруженија „Прилеп на точак“ и „Вело Че“ излегоа на мирен протест во центарот на Прилеп за да го изразат својот револт и загриженоста што се чувствуваат небезбедни на улиците и патиштата. Повод за нивниот протест е трагичната сообраќајна несреќа пред два дена кога млада жена, рекреирајќи на велосипед по удар од автомобил го загуби животот.

-Излеговме на денешниот мирен протест поради завчерашниот немил настан во кој животот го загуби 42-годишна девојка која беше прегазена од несовесен возач на автомобил, а возачот го напушти местото на трагедијата. Реагираме на небезбедноста при движење по прилепските улици, немањето соодветна велосипедска, пешачка инфраструктура, неказнивоста од полицијата. Сакаме да го свртиме вниманието на институциите да преземат мерки, тоа што се случи со девојката, за жал, може да му се случи секому. Се чувствуваме небезбедни, изјави велосипедистот Даме Дамески од здружението „Прилеп на точак“.

-Изразуваме сочувство до семејството на загинатата девојка. Сите ние што сме на протестот одиме, возиме по тој пат до прилепското село Беровци, кај бензинската пумпа. На турата што е за почетници. Тој пат го нарекуваме „патот на смртта“. На тој пат се вози брзо, се претекнува, се свири како ние да сме виновни. И ние велосипедистите сме учесници во сообраќајот, ги почитуваме сообраќајните знаци. Бараме велосипедски патеки, институциите да реагираат, да не биде ова само полициска статистика во билтенот. Ние велосипедистите не се чувствуваме безбедно, рече Даниел Гарбески од здружението „Вело Че“.

Велосипедистите на протестот истакнаа пароли „Утре можеш да бидеш ти“ и извозија низ центарот на Прилеп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy