Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година
Економија

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

17/05/2024

AA

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk)има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја  коригира пријавата!

По истекот на овој законски рок, потврдените и Годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

Кај обврзниците во чија ДЛД  ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците  во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава  да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход , плаќање и поврат на данок можете да се обратите на info@ujp.gov.mk.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy