ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала облачност и слаб ветер
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Најстудено ќе биде утрото во Берово, со минимална температура од 1 степен, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 21 степен.
Во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време.
Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

.
Извор: plusinfo.mk