Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА Избор помеѓу Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ и Аркин Јахији од НАИ
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА Избор помеѓу Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ и Аркин Јахији од НАИ

18/10/2026

AA

Ќе има втор круг на вонредните локални избори во Брвеница, ниту еден кандидат за градоначачник нема да го освои потребното мнозинство за победа во вториот круг.

На 1 ноември избирачите од општината ќе избираат помеѓу Стојанчо Радически, кандидат на ВМРО-ДПМЕ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ).

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција му честиташе на Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.

Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг.

– ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните во сооднос 4 спрема 1. Ова е важна порака од граѓаните до раководството на СДСМ – рече Мицкоски на прес-конференција.

Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник од НАИ, Аркин Јахији по изборниот ден на прес-конференција вечерва информираше за пласман во вториот круг.

Тој оцени дека овие избори биле на едно повисоко ниво со европска кампања.

– Во едни фер и демократски избори прелиминарните резултати велат дека водиме со 600 гласа, сакам да му се обратам на противкандидатот за фер и коректно однесување. Ова е резултат на првиот круг, сега го чекаме вториот круг, сите заедно за Брвеница. Финалните избори и славењето ќе бидат на 1 ноември, кога ќе ја добиеме Општина Брвеница – рече Јахији.

Тој им заблагодари на гласачите за дадената поддршка за него и посочи дека сите граѓаните треба да бидат горди на изборниот процес.

Во просторитие на ВЛЕН во Тетово, партискиот портпарол Дритон Сулејмани на прес-конференција информираше дека нивниот кандидат Јакуп Хусеини не освоил доволно гласови за да се пласира во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.

Сулејмани изрази благодарност до Хусеини, за кого рече дека дал максимум во овој процес.

– Контактираше со сите жители на Општина Брвеница, ја претстави својата платформа пред нив. Но, желбата на граѓаните е таква каква што е. ВЛЕН  ќе ги поддржува сите населени места во кои живеат Албанци. Ние ќе продолжиме да го одржуваме зборот, досега сме одвоиле над еден милион евра за населени места со претежно албанско население и овој тренд ќе продолжи и во идните години. Никогаш не сме правеле разлика кој ја менџира општината, кој бил градоначалник и од која политичка партија бил. Општината добила поддршка без резерва за сите проекти што биле поднесени до Владата, така ќе продолжиме и понатаму – истакна Сулејмани.

На новинарско прашање кого партијата ВЛЕН ќе поддржи во вториот круг избори Сулејмани рече дека треба да одлучи претседателството на партијата. Тоа што Јајуп Хусеини му честитал на Аркин Јахији, Сулејмани го оцени како висок демократски потег.

Од  СДСМ пак испратија само соопштение според кое првичните резултати од аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажувале дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО-ДПМНЕ се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%.

„Односно од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е пад на поддршката за 13%.  СДСМ во 2025 година освои 481 глас за кандидатот за градоначалник а сега, 2026 година, кандидатот на СДСМ, Јовица Радески освои 706 гласа што е зголемување за 46%. Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте“, соопшти СДСМ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
Македонија

ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен

18/10/2026
Македонија

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ ИЗБОЛЕ СО НОЖ НИВНИ СОГРАЃАНИ ВО СТАН ВО

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 15 ЧАСОТ Е 31,17 ПРОЦЕНТИ, ПОГОЛЕМА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46240
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги соопшти првичните резултати

18/10/2026

Според првичните резултати од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница од обработение податоци од сите 24 избирачки места, најмногу

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала облачност и слаб ветер

18/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во Брвеница?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од првиот круг на вонредните избори за градоначалник на Општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy