Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВАЖНА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Аплицирајте за субвенциониран студентски оброк
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Аплицирајте за субвенциониран студентски оброк

01/08/2023

AA

Министерството за образование и наука објави повик за  субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023. Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка.

Право на субвенциониран оброк имаат редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, кои не се во редовен работен однос; не се регистрирани како индивидуални земјоделци и кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во државава за тековната година.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од МОН за купување приготвена храна. Корисникот има право на оваа услуга од понеделник до сабота и доколку во тој период не го искористат правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенцијата  не му се префрла во наредниот ден. Субвенциониран студентски оброк не може да се користи од 1 јули до 1 октомври во годината во која корисникот го стекнал тоа право, како и за време на државни празници и неработни денови.

Кандидатите треба да се пријават електронски на линкот: https://e-uslugi.mon.gov.mk и притоа  да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат. Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.

Во јавниот повик е наведено дека МОН  склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк така што сите студенти кои ќе се стекнат со ова право  ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали  претходно биле клиенти на оваа банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.

-Студентот ќе може да ги троши средствата наменети за субвенциониран студентски оброк кај даватели на субвенциониран студентски оброк, кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне картичката, нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка, појаснува МОН во објавениот повик.

Исто така, во секој месец од академската 2023/2024, во деновите од  1 до 7 во месецот,  ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на ова право или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик.

-Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на субвенциониран студентски оброк. По извршената проверка на податоците за студентите кои ги исполнуваат условите од јавниот повик исплатата ќе се врши ретроактивно за периодот кој почнува од 15 септември па натаму се додека студентот ги исполнува условите согласно овој јавен повик, наведува МОН во објавениот повик.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот: [email protected]  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy