Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со помош на САД
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со помош на САД

03/03/2026

AA

Пензионираниот полковник и поранешниот шеф на военото разузнавање, Горан Василевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, анализираше дека е тешко со сигурност да се потврди до каде е стигнат воениот капацитет на Иран, но потсети дека основата на нивната програма е производ на западна поддршка.

Василевски потсетува дека иранското нуклеарно прашање има длабока историска генеза која датира уште од средината на минатиот век.

Тој посочува дека иранската нуклеарна програма не е нов феномен, ниту пак закана која настанала преку ноќ.

„Мора да кажеме дека нуклеарната програма во Иран започна уште од 50-тите години на минатиот век. Тоа не е нешто ново. Впрочем, во тие 50-ти и 60-ти години, токму со американска помош Иран почна да ја развива таа програма“, истакна Василевски.

Тој појаснува дека по низата политички пресврти – од соборувањето на шахот Реза Пахлави до Иранската револуција во 1979 година и доаѓањето на Хомеини на власт – поддршката од Западот престанува. Во тој момент, Иран го менува правецот и се свртува кон стратешка соработка со Русија и Пакистан.

На прашањето дали Иран навистина поседува нуклеарна бомба, поранешниот прв разузнавач вели дека таквите информации се најстрого чувана тајна во секоја држава.

„Многу е тешко да се каже до каде се стасани. Тоа се строго чувани тајни. На пример, за Израел официјално се тврди дека нема нуклеарен арсенал, додека многу извори велат дека располагаат со значителен арсенал. Не може со сигурност да се тврди“, вели тој.

Василевски потсети дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) долго време вршеше контроли и официјално утврди дека програмата се развива за цивилни, а не за воени цели. Сепак, со оглед на актуелните напади, дилемите за вистинската намена на овие капацитети остануваат во фокусот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби

03/03/2026
Македонија

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42205
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека е прерано да се

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за институциите

03/03/2026

Владата денеска одржа работна средба посветена на реформската агенда, при што премиерот Христијан Мицкоски најави конкретни чекори за јакнење на

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија ја чека нов бран на

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за „Ноќно студио“ на 4TV.mk направи паралела меѓу војната во Украина и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy