Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО 4 ОПШТИНИ Ќе победи оној за кого ќе гласаат повеќе од половина од излезените гласачи
Македонија

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО 4 ОПШТИНИ Ќе победи оној за кого ќе гласаат повеќе од половина од излезените гласачи

08/01/2026

AA

Во недела на 11 јануари во земјава треба да се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Дваесетдневната изборна кампања за изборите завршува утре (9 јануари) на полноќ, по што започнува изборниот молк до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска идентификација ќе се дистрибуираат до Општинските изборни комисии а оттаму да бидат подигнати од Избирачките одбори. Во сабота гласаат болните и изнемоштените и лицата во затворите.

Сѐ е подготвено за повторените избори во четирите општини 

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, од коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од Група избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.

Избирачкиот список за повтореното гласање е веќе заклучен. Во Гостивар во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, 78.185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4.604 гласачи, а 81 лице се во затвор или во притвор.

Во Избирачкиот список за Маврово Ростуше се запишани 10.575, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, во странство 951, а во затвор или во притвор се двајца.

Во Избирачкиот список за Врапчиште запишани се 27.279 граѓани со право на глас, 26.318 во посебниот Избирачки список за жители од Општината, во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950, а 11 во затвор или во притвор.

Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7.562, од нив 6.305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1.257 лица.

Според информациите од ДИК, нема никаков интерес за набљудување на повторените избори. До денеска нема пријавено ниту еден набљудувач.

Во Регистарот за медиуми за платено политичко рекламирање пријавени се 32 интернет портали, 13 регионални и национални телевизии и пет радиостаници.

Треба да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи за еден кандидат 

Согласно членовите 132, 132а и 133 од Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг на 19 октомври не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Ова се последни избори за овој состав на Државната изборна комисија. Нивниот мандат завршува на 15 јануари односно до изборот на нов состав на Комисијата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско

11/06/2026
Македонија

ДРАМА КАЈ ШТИП: Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат

11/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
Македонија

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани

11/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

11/06/2026
Македонија

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

11/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43715
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови и грмежи во Беровско и Дебарско, слаб дожд во

11/06/2026

Поголем дел од територијата на Македонија попладнево е зафатен од нестабилна облачност, проследена со врнежи од дожд, грмежи и засилен

ДРАМА КАЈ ШТИП: Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат и викендички!

11/06/2026

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере,

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е повредено

11/06/2026

Пожарот кој од вчера е активен во источна Македонија, попладнево се засилил. Според пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, состојбата е загрижувачка и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy