
Утрово најстудено во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија, измерени -8 степени!
Утрово најстудено во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија каде се измерени -8 степени.
-7 степени се измерени во Крушево, -6 во Куманово, Штип, Скопје-Петровец, -5 во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп, -4 во Кавадарци, Битола, Охрид, Претор, -3 во Велес, 0 во Дојран, 1 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка изнесува 6см на Попова Шапка.
Во првиот дел од ноќта беше ведро, а потоа од север се прошири умерено наоблачување. Дуваше слаб претежно северен ветер. Утринава на повиско дува умерен претежно северен ветер.
Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.
