Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре завршува скринингот, Ковачевски најави продолжување по европскиот пат
Македонија

Утре завршува скринингот, Ковачевски најави продолжување по европскиот пат

06/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во рамки на работната посета на Брисел, се обрати и ја отвори последната сесија од скрининг процесот на Северна Македонија, посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика.

 

На сесијата присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за економија како и претставници од сите други релевантни национални институции вклучувајќи ги Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање, Царинската управа, и Бирото за јавни набавки.

 

Поглавје 30 се фокусира на заедничката трговска политика кон трети земји базирана на мултилатерални и билатерални договори и автономни мерки со цел постигнување правичен меѓународен систем за трговија кој ќе придонесе кон постигнувањето одржлив економски раст и обезбедувањето сеопфатен економски развој на среден и долг рок.

 

Ова поглавје исто така ги вклучува и правилата на ЕУ во полето на хуманитарна помош и развојна политика. Претседателот на Владата, Ковачевски во своето излагање истакна дека Северна Македонија нема да бара преодни периоди, туку во целост ќе го прифати правото на ЕУ.

 

„Ќе се фокусираме на тоа да ги усогласиме нашите трговски политики со ЕУ во рамките на Светската трговска организација и ќе продолжиме да ги спроведуваме правилата на ЕУ во врска со контролата на извозот со двојна намена, извозните кредити, инвестициите и инструментите за трговска заштита во нашите национални правни и институционални рамки“, истакна Ковачевски.

 

Во поглавјето 30 опфатени се неколку клучни области, како мултилатерална и билатерална рамка на заедничката трговска политика, трговски специфични правила, договори за оцена на сообразност, инструменти за трговска одбрана, инструменти за надворешна политика, како и како развојна политика и хуманитарна помош. Ковачевски истакна дека Северна Македонија има највисок степен на трговска отвореност во регионот на Западен Балкан што во 2022 година достигна 171%.

 

„Изгледите за надворешна трговија на Северна Македонија се мошне поврзани и тоа се’ повеќе со Европската Унија, бидејќи таа е наш најголем трговски партнер. Трговијата со ЕУ достигна 60% од вкупната трговија изминатата година и 86% од вкупниот број на сите преференцијални договори што Северна Македонија ги применува на билатерална и мултилатерална основа. Остатокот од 14% трговија без никакви преференции. Освен тоа, ЕУ е најважниот инвеститор во Северна Македонија и има удел во 65% од вкупниот број на странски директни инвестиции на крајот на 2022 година“, рече премиерот.

 

Во однос на трговската политика, Северна Македонија е поддржувач на мултилатералниот трговски систем заснован на правила во Светската трговска организација, со кој обезбедуваме поголема сигурност во трговските односи како мала земја и кој придонесува за промовирање на отворената трговија и повисок економски раст. Премиерот Ковачевски истакна во земјава во процес е ратификација на Референтниот документ за домашна регулатива за услуги и Договорот за субвенции за рибарството. На 30 октомври оваа година, Северна Македонија стана членка на Договорот за јавни набавки во СТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46870
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се

21/11/2026

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет е и отпадот што се

21/11/2026

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во другите земји што не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy