Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре на собраниска седница пакетот мерки за млади поднесен од Левица
Македонија

Утре на собраниска седница пакетот мерки за млади поднесен од Левица

01/09/2025

AA

Утре пред пратениците ќе се најде обемен пакет на мерки за младите, поднесен од Левица, којшто опфаќа шест иницијативи регулирани преку пет закони. Со нив се адресираат најгорливите проблеми на младите и младите семејства – домувањето, родителството, условите за работа и секојдневниот економски товар, велат од Левица.

„1. Скратено и флексибилно работно време од шест часа за родители до шестата година на детето

Со предложените измени на Законот за работни односи, Левица предлага родителите на деца до шест години да добијат право на полно работно време во траење од шест часа, со флексибилен распоред во договор со работодавачот.

Моменталното законодавство предвидува породилно и родителско отсуство до 15 месеци, по што работникот се враќа на стандардно работно време без дополнителни олеснувања, освен паузата за доење до една година. Во пракса тоа создава сериозен јаз помеѓу потребите на семејството и работните обврски, особено кај самохраните родители.

Истражувањата недвосмислено укажуваат дека првите години од животот на детето се клучни за неговиот развој, а континуираната родителска присутност е неопходна. Европската пракса покажува дека ваквите решенија не ја намалуваат продуктивноста, туку напротив – ја зголемуваат мотивацијата и лојалноста на работниците.

2. Контрола на пазарот со кириите

Со дополна на Законот за домување Левица предлага воведување на јасни ограничувања за максималната висина на кириите, со цел заштита на закупците од нереални и надуени цени. Моменталното решение остава огромен простор за злоупотреби, бидејќи минималниот праг е дефиниран, но максимален не постои, што резултира со енормни закупнини кои ги исклучуваат младите и сиромашните од можноста за осамостојување и безбедно домување. Со вакви законски решенија би се применила и позитивната европска пракса на транспарентност и стабилност на пазарот со изнајмување станови.

3. Закон за државна поддршка при купување на прв дом за млади

Со овој нов закон државата презема активна улога во решавање на најголемиот проблем на младите –  обезбедување сопствено домување. Законот предвидува:

– Државна гаранција и субвенционирање на камата: државата гарантира до 95% од главнината на кредитот за купување прв дом (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите) и во првите десет години ја субвенционира каматата. На овој начин младите добиваат полесен пристап до станбен кредит и се намалува финансискиот товар во најважниот период од нивниот живот.

– Делумен отпис на кредит при раѓање или посвојување дете: при раѓање или посвојување на прво дете се отпишува 20% од преостанатата главнина на кредитот, а за секое следно дете дополнителни 10%. Оваа мерка не само што обезбедува материјална сигурност, туку претставува и директен поттик за младите семејства да се решат на родителство и да ја градат својата иднина во државата.

4. Закон за ваучери за неформална детска грижа

Во услови на хроничен недостиг од капацитети во јавните градинки, оваа мерка претставува поддршка на семејствата. Преку воведување на месечен ваучер во износ од 6.000 денари за неформалните грижители (баби, дедовци, роднини, соседи и сл.), државата ја препознава и формализира нивната улога во грижата за децата. На тој начин се обезбедува алтернатива на институционалното згрижување и се намалува финансискиот товар врз родителите.

5. Бесплатен јавен превоз за родители на деца до 6 години

Со дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај Левица предлага воведување на бесплатен јавен превоз за родителите на деца до шест години. Според ССМ, транспортот чини 7–8% од синдикалната минимална кошница, а кај младите семејства овој трошок е уште поголем поради зголемената мобилност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy