Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Службените кучиња се посебен дел од нашите безбедносни системи
Македонија

Тошковски: Службените кучиња се посебен дел од нашите безбедносни системи

01/09/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“.

Министерот Тошковски потенцираше овој проект не е само почетокот на стандардна професионална обука туку пример за успешна меѓународна соработка, на партнерство засновано врз доверба, заеднички цели и посветеност кон зголемена безбедност на локално, регионално и глобално ниво.

„Пред единаесет месеци од истово место бевме сведоци на почеток на работата на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација-значаен дел од целокупниот систем на безбедност како на оперативно, така и на стратешко ниво. Во изминатата речиси една година центарот беше домаќин на голем број на работилници, обуки и тренинзи.  Соработката на нашата институција со Мисијата на ОБСЕ претставува еден од носечките елементи во процесот на надградување на капацитетите на полицијата по стандардите на Европската Унија.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека целта на министерството е иднината на овој центар е истиот да прерасне во регионален центар во областа на зајакнување на капацитетите на агенциите за спроведување на законот, преку современи обуки и пренос на експертиза во користење на службените кучиња.

„Службените кучиња се посебен дел од нашите безбедносни системи. Тие не претставуваат алатка, туку истите се партнери и дел од полицијата, кои со својата обученост имаат непроценлива улога во спасувањето на животи. Во многу случаи, нивната реакција е пресудна за успех на целата акција. Но зад секое службено куче стои полициски службеник, тренер и институција.  Поради тој факт знаеме дека вложувањето во капацитетите на единиците за службени кучиња е вложување во поголема безбедност за сите нас.“, образложи министерот Тошковски.

Тошковски на крај се заблагодари на ОБСЕ и нашите меѓународни партнери и потенцираше дека раководството на министерство останува цврсто посветено во градење на систем за безбедност кој ќе биде гаранција за напредокот на нашата држава и сигурноста на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy