Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МРТ ја запре постапката за избор на Надзорен одбор – ќе следи нов конкурс
Македонија

МРТ ја запре постапката за избор на Надзорен одбор – ќе следи нов конкурс

01/09/2025

AA

Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија донесе одлука за запирање на постапката за избор на членови на Надзорниот одбор, со што се поништува конкурсот распишан на 23 мај 2025 година од претходниот состав на Советот.

Одлуката следи откако во јуни беше избран нов состав на Програмскиот совет, со што, според образложението, престанал мандатот на стариот орган кој ја започна постапката, а не ја заврши во предвидениот законски рок.

„Се доведува во прашање законитоста на постапката ако се земат предвид одредбите од Законот за општа управна постапка, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Статутот на ЈРП МРТ“, стои во решението.

Од МРТ нагласуваат дека административната комисија која ја спроведувала постапката нема правна основа да продолжи со работа, бидејќи таа била формирана од орган со истечен мандат. Дополнително, постапката не била завршена во рок од 60 дена, без формално продолжување.

„Се нарушува начелото на фер и конкурентен изборен процес, што е клучно за транспарентен избор на надзорен орган“, се вели во образложението.

Од МРТ најавуваат дека ќе распишат нов јавен конкурс, кој ќе се спроведе според подобрени услови и во рамки на полна законска процедура.

Сите пристигнати пријави од досегашниот конкурс ќе бидат вратени на кандидатите по пошта, а Одлуката за запирање на постапката е објавена на веб-страницата на МРТ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy