Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинар во Собранието на 27 април
Македонија

Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинар во Собранието на 27 април

12/07/2023

AA

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Влатко Стојановски, сторена со две пресуди, една од Граѓанскиот суд Скопје и една од Апелацискиот суд, и двете донесени во текот на 2021 година.

Според судот, во двете пресуди е пропуштено да се утврди повреда на слободата на изразувањето на Влатко Стојановски, како новинар од „Фокус“, за време на настаните од 27 април 2017 година, кои се одвивале во Собранието.

Како што изјави денеска портпаролката на Уставен суд, Христина Беловска, појдовна основа за заземање на овој став на Судот е тоа што слободата на медиумите, како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и слободното примање и пренесување на информации за прашања од јавен интерес.

-Сето ова претставува предуслов на постоење на демократско општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и други општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење. Ова имплицира слобода на медиумите да добиваат информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите прашања кои се значајни и од јавен интерес, додаде Беловска.

Како што потенцираше, наведените околности се важни и релевантни, но не биле земени во предвид од страна на надлежните судови кои одлучувале по барање на подносителот.

Таа напомена дека одлуката на Уставниот суд е конечна и извршна и надлежните судови се должни да ја применуваат.

– Таа е деклараторна и со тоа барателот ќе може да ги оствари своите права, нагласи Беловска.

Во однос на предметот заверен под реден број 87/2023 година, односно оспорениот член 1 од Закон за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во државата, Уставниот суд на денешната седница одлучи да се отфрли иницијативата, бидејќи во случајот станува збор за дерогирана одредба која што е исцрпена во примената и не постојат основни услови за мериторно впуштање на судот за одлучување.

Ова, како што рече Беловска, се однесува на основицата за пресметување на платите на уставните судии во конкретен период.

-Во изреката за укинување не беше опфатена таа одлука, односно ова се однесува на изреката за укинување која што Судот ја донесе во март годинава и се однесуваше на замрзнатата основица и уште еден член, односно двата члена кои беа укинати тогаш. Судот ја констатира таа одредба во образложението, но од причина што таа не беше дел од одлуката кога се укинаа двата члена од законот. Оваа денешна одредба, која што беше оспорена е дерогирана со подоцнежни законски измени, што практично е надвор од сила, не е во правниот промет, додаде Беловска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy