Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерали Инвестментс: Настаните на берзата минатата недела беа празнични?
Економија

Генерали Инвестментс: Настаните на берзата минатата недела беа празнични?

12/07/2023

AA

Тимот на Генерали
Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на
капитал.

Во борбата против
инфлацијата, ФЕД ќе ги зголеми или одржува каматните стапки додека долгорочната
годишна инфлација не падне под 2%

Настаните на берзата во изминатата недела беа доста
празнични. Во Соединетите Држави повторно се побиени тврдењата дека
американската економија се лади, бидејќи таа продолжува да создава нови работни
места и покрај високите каматни стапки, а силниот пазар на труд ја одржува
инфлацијата на повисоки нивоа отколку што сака ФЕД. Поради малата
невработеност, пазарите очекуваат ФЕД да одлучи повторно да ја зголеми
основната каматна стапка, веројатно за 25 базични поени, што би значело дека
каматната стапка би се искачила на 5,50%. Претставниците на ФЕД уште еднаш
потврдија дека во борбата против инфлацијата ќе ги зголемат каматните стапки
или ќе ги задржат на високо ниво, додека годишната инфлација не падне под
посакуваните  2% на долг рок. Слично на
тоа, ЕЦБ исто така се стреми годишната инфлација во еврозоната да падне под 2%,
поради што најавува дека каматната стапка најверојатно ќе остане на толку
висока позиција уште долго време.

Берзите не донесоа
големи промени

Периодот на заработка од вториот квартал е пред нас и
инвеститорите се подготвуваат за потенцијално зголемена нестабилност на
пазарот. Очекувањата се позитивни, бидејќи речиси и да нема најави со
предупредувања за лоши резултати, кои компаниите најчесто ги објавуваат доколку
резултатите се всушност полоши од очекуваните. Технолошкиот гигант Meta воведе
новитет, а тоа е новата социјална мрежа „Threads“. Мрежата стана главен
конкурент на Twitter речиси преку ноќ, надминувајќи ја границата од 100 милиони
корисници за само шест дена. Threads изгледа речиси идентично со Twitter, но
неговата поврзаност со мрежите Instagram и Facebook го издвојува од остатокот
од конкуренцијата. Аналитичарите веруваат дека новата социјална мрежа ќе
надмине 200 милиони корисници во наредната година, што на Мета би и донело
дополнителни 8 милијарди годишен приход. Meta веќе значително ги надмина YTD приносите
на технолошкиот индекс NASDAQ, добивајќи 145% во споредба со добивката од 38%
на индексот оваа година. Новата социјална мрежа додаде нов спин и на Meta и на
технолошките акции и приказната за вештачката интелигенција.

Кина и пазарите во
развој

Минатата недела, пазарите повторно беа изненадени од Кина,
која не бележи инфлација (раст на цените), но се бори со дефлација, односно
економска стагнација. Годишната инфлација падна на 0%, а месечната инфлација
падна на -0,2%. Уште полошо е за цените на производителите, односно за цените
на индустриските производи, кои забележаа годишен пад од над 5%. Поради лошата
економска состојба, државата реши првично да интервенира на пазарот на
недвижности со одложување на отплатата на долговите. И покрај лошата состојба
на кинеската економија, кинескиот технолошки сектор се разбуди минатата недела
бидејќи по долга правна битка државата ја одреди казната за групата Ant, чиј
основач е Џек Ма. Финансиската групација Ant, која поседува 33% од Alibaba, ќе
мора да плати милијарда долари казни. Но, и покрај високата сума, пазарите
проценуваат дека со ова завршува преземањето на кинеската влада на
профитабилниот технолошки сектор во земјата и како резултат на тоа, го прави
попривлечен за инвеститорите.

На пазарите на
обврзници забележана е пад на вредноста

На пазарите на обврзници бележиме пораст на бараната камата,
односно пад на вредноста на обврзниците. Тоа е резултат на очекувањата за
натамошно зголемување на каматните стапки. Но, за инвеститорите останува
краткорочниот проблем што приносите се и натаму силно негативни, бидејќи
обврзниците даваат многу помал принос од инфлацијата, додека во исто време
краткорочните обврзници нудат повисоки приноси од долгорочните. Последново се
должи на очекувањата за брзо намалување на каматните стапки.

СОВЕТИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ

Политиките на
централната банка го диктираат пулсот на пазарите на капитал. Инфлацијата
покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична
инфлација, а централните банки сигнализираат дека може да има дополнителни
зголемувања на каматните стапки. Пазарот на труд е силен и економијата останува
на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму
очекуваат пресврт во каматната политика. Сценариото на заладување на економскиот
раст, рецесија а со тоа и пад на добивката не се земени предвид при високите
вреднувања на берзите, особено на технолошките акции. Глобалните, а соодветно
на тоа и америчките акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа
остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во
обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи
долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата
на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на
заштедите. Комбинаци
ја од акциски фондови како што се Генерали Топ
Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди
најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и
економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските
акции во моментов изгледаат поатрактивни поради зголемениот удел во технолошки
акции, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од
друга страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција која ги
поттикнува технолошките гиганти. Поради зголемените очекувања за нов
стимулативен пакет од кинеските власти, се зголемува и веројатноста за
шпекулативен скок на цените на кинеските акции, но очекувањата за тоа кога и
колку значително се разликуваат. За инвеститорите кои не сакаат ризик, ова може
да биде моментот да додадат некои кинески инвестиции во портфолиото, особено
преку фондот Генерали БРИК. Но, бидете внимателни, тежината не треба да
надминува 10% од портфолиото. Трпеливиот инвеститор треба да продолжи да додава
на постојните позиции, како на берзата, така и на пазарот на обврзници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44979
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy