Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од претседателските избори
Македонија

Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од претседателските избори

22/05/2025

AA

Уставниот суд на Романија денес ги потврди резултатите од претседателските избори во земјата одржани овој месец, објави агенцијата „Агерпрес“.

На свечената судска седница присуствуваа новоизбраниот претседател Никусор Дан и привремениот претседател на Романија, Илие Бологијан.

Во рок од 24 часа од потврдата на резултатите од романските претседателски избори од страна на Уставниот суд, претседателите на двата дома на парламентот мора да закажат заедничка седница на пратениците и сенаторите, на која новоизбраниот претседател, чиј избор е потврден, ќе положи заклетва.

Двата круга од претседателските избори во Романија на 4 и 18 мај беа повторени откако Уставниот суд го поништи минатогодишното гласање поради сомневања за руско мешање во корист на победникот од првиот круг во ноември – крајно десничарскиот независен кандидат Калин Георгеску – и пресуди дека целиот изборен процес мора да започне одново.

Во неделата, независниот претседателски кандидат и градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, победи на претседателските избори со 53,60 проценти од гласовите. Неговиот противник, Георге Симион, лидерот на крајно десничарската партија Алијанса за единство на Романците (AUR), доби поддршка од 46,40 проценти од гласачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy