Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи со критики до Мицкоски: Наместо визија за ЕУ, создава поделби и поставува услови на Унијата
Македонија

Османи со критики до Мицкоски: Наместо визија за ЕУ, создава поделби и поставува услови на Унијата

22/05/2025

AA

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, жестоко го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со популизам и без визија го загрозува европскиот пат на државата. Во објава на Фејсбук, Османи го обвинува премиерот дека, наместо да ја преземе одговорноста за застојот во евроинтеграциите, посочува „виновници“ за да ги прикрие сопствените неуспеси.

„Прво преку изборен популизам ја ограничи можноста дипломатијата суштински да се ангажира и да обезбеди напредок во преговорите со ЕУ. Потоа, целата држава ја стави во заложништво на сопствени ветувања, кои и ден-денес никој не може да ги објасни“, пишува Османи.

Според него, Мицкоски, наместо да ги исполнува условите на Унијата, ѝ поставува услови на ЕУ, што претставува, како што вели, „длабоко нарушување на европското досие на државата“.

Османи тврди дека премиерот не само што нема план, туку никогаш и немал визија за одмрзнување на процесот со Брисел. Наместо тоа, фокусот го префрла кон алтернативни партнерства, далеку од европската перспектива.

„Тоа не е лидерство. Тоа е бегање од одговорност“, додава Османи.

Тој потсетува дека претходната влада, како институционална структура, му оставила на Мицкоски „одличен маневарски простор“, со преговарачка рамка која го признава македонскиот јазик, ја афирмира мултиетничката демократија и бара уставни измени кои, според Османи, веќе се дел од системот.

„Мицкоски има едноставен излез, но самиот се заглави во ќорсокак. Нема план Б. Потребна е одговорност и храброст за реализација на планот А – европската интеграција. А за тоа, потребно е вистинско лидерство“, завршува Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy