
Усогласен „кривичниот законик“ на ЕУ за еколошки криминал
Претседателството на Советот на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент постигнаа договор за текстот на законската регулатива на Унијата за санкционирање на прекршоци поврзани со нанесување штети на животната средина, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според еврокомесарот за животна средина Виргиниус Синкевичиус, кој во име на Европската комисија е формален предлагач на директивата, со ние ЕУ ќе ја засили својата акција за еколошка заштита и санкционирање на загадувачите на животната средина.
– Криминалците предолго време профитираа поради ниските казни и неспроведувањето на одредбите, нагласи Синкевичиус.
Главниот преговарач во името на Европскиот парламент, германскиот европратеник Антониус Мандерс изјави дека со новата регулатива оние што загадуваат ќе платата за своите дела.
За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс
– Борбата против загадувањето, кое често е наднационално, бара усогласени, одвраќачки и ефективни санкции за да се спречат нови еколошки злосторства на ниво на ЕУ, нагласи Мандерс по постигнувањето на договорот.
Новата директива има за цел да воспостави минимални правила за дефинирање на кривичните дела и санкции поврзани со животната средина, заменувајќи ја досегашната законска регулатива за оваа сфера усвоена во 2008 година. Предложената директивата попрецизно го дефинира поимот еколошки криминал, вклучува нови кривични дела поврзани со животната средина и предвидува соодветни казни за нивните сторители, како за физички, така и за правни лица.
Со новата регулатива се предвидува бројот на прекршоци поврзани со животната средина да се зголеми од сегашните девет на 18, меѓу кои се и илегална трговија со дрва, незаконско рециклирање на штетни материјали на бродови, непочитување на законодавството за хемикалии, рекламирање на производи поврзани со уништување на шумите, загадување на морињата и нелегално црпење на вода.
На листата на кривични дела е додаден и прекршок, кој според дефиницијата е близок до меѓународната квалификација на екоцидот. Според глобалната дефиниција, екоцидот претставува кривично дело кое предизвикува масовното уништување на животната средина со што се загрозуваат хумани заедници кои зависат од природните ресурси за одржување на екосистемите и се ограничува нивната способност за развој на идните генерации.
Турскиот акционен план и стратегија за борба против ефектите од климатските промени предвидуваат намалување на емисиите на стакленички гасови до 21 процент до 2030 година, изјави претседатело
