Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Северна Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје
Македонија

Северна Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

17/11/2023

AA

Северна Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.

Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, јави известувачот на МИА од Белград.

Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи.

На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.

– Нашата посветеност за соработка со сите држави од регионот има бенефити за граѓаните и компаниите. Ние немаме толку силни економии како во земјите од Европската унија и затоа е важно да соработуваме затоа што силата е во заедништвото. Наш фокус мора да остане Европската унија бидејќи државите од регионот таму и припаѓаат, рече Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.

– Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизција на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот, рече Брнабиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга –

20/08/2026

Нелегалната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довела до сериозно нарушување на

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026

Родителите и годинава ќе добијат олеснување при набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата најави дека

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026

Непочитувањето на законската обврска за навремено пријавување на имотот и интересите ги чини десетици избрани и именувани лица по 300

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy