Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Условна казна затвор од две години за Зоранчо Митровски за случајот „Империја”
Магазин

Условна казна затвор од две години за Зоранчо Митровски за случајот „Империја”

30/03/2023

AA

 

Врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје на Зоранчо Митровски му изрече условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“. Условната казна на Митровски му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело.

Зоранчо Митровски и „Еземит вино” ДООЕЛ солидарно треба да платат и штета од 92,25 милиони денари во корист на буџетот на РСМ, додека АД „Бетон Штип“ за пред најавената штета се упатува во граѓански спор.

Обвинетиот на претходното рочиште доброволно даде признание на вина за делата кои му се ставаат на товар за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Судијката Васка Николовска Масевска, при изрекување на пресудата денеска рече дека Митровски е виновен затоа што во периодот 2012-2013 година со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, заедно со останатите обвинети, нанеле штета од 256 милиони денари или 4 милиони евра на АД Бетон.

-Судот за кривично дело злоупотреба на службената положба му утврдува казна затвор од една година и три месеци, додека за делото перење пари казна затвор од една година и еден месец. Согласно законот за двете кривична дела Судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело, изјави судијката Николовска Масевска.

Обвинителката Лиле Стефанова, во завршен збор на претходното рочиште рече дека самото признание на вина е исклучително олеснителна околност и дека со тоа значително придонел за економичноста на постапката, како и дека досега не е осудуван.

Отежнителните околности, како што посочи Стефанова, се начинот и мотивот на извршување на делото.

Бранителот на Зоранчо Митровски, во завршен збор рече дека по однос на казната како олеснителни околности треба да се ценат признанието на вина, дека обвинетиот изразил подготвеност да го намири отштетното побарување, дека е татко на две полнолетни деца, стопанственик со фирми кои вработуваат повеќе фамилии, како и дека со прогласување на виновен се постигнува целта на казнувањето.

Зоранчо Митровски, пред Судот тогаш рече дека се кае за стореното и дека казната ја чувствува многу силно, со оглед на тоа дека се повлекува од сите деловни активности.

Случајот „Империја” започна против тројца обвинети Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и Јованчо Тасковски, за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, со кои нанеле штета во вредност од 292 333 000 денари или 4 753 382 евра. Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, првообвинетиот и Зоранчо Митровски, како и веќе едно осудено лице, во периодот од мај до август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Во случајот Империја во предистражна постапка беа опфатени повеќе лица. За дел во истражната постапка, помеѓу другото, имаше пресуди врз основа на предлог спогодби, застарување како и решенија за неповедување на кривична постапка.

Помеѓу спогодбите беше и спогодбата на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал со што беше осуден на 3 години затвор и исплата од 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот и му беше одземен и имот во вредност од околу 30 милиони евра.

Спогодба, исто така, направи и бизнисменот Орце Камче кој доби казна затвор од една година и обврска да уплати 5,2 милиони евра на управата за јавни приходи заради пресметан непалтен данок со фирмата „Орка холдинг“. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големото враќање на Месечината – НАСА и Маск во трка

14/04/2026
Македонија

🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА

14/04/2026
Македонија

Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози

14/04/2026
Македонија

Министерство за правда: Утре ќе ги побараме сите списи од

14/04/2026
Македонија

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци – приведени 57 лица!

14/04/2026
Македонија

Вчера приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило – петмина

14/04/2026
Македонија

Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата

14/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЧЕТИРИ СЛУЧАИ Две лица приведени во Велес

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42466
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големото враќање на Месечината – НАСА и Маск во трка

14/04/2026

Вселената никогаш не била поблиску – а конкуренцијата никогаш пожестока. Во вечерашното издание, зборуваме за најновата мисија на НАСА и

🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА Новинари бараат да реагира

14/04/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура,

Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози без дозвола

14/04/2026

Со сведочење на сопругата Ана Јованова, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy