Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над шест милиони евра во иновации и развој
Економија

УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над шест милиони евра во иновации и развој

17/10/2023

AA

Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен
прироритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Само минатата година во развој,
унапредување и примена на нови дигитални технологии УСЈЕ вложи над шест милиони
евра. Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt,
society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите
компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во
развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над0,8 милион евра во зелени инвестиции, со
што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите.

„Предизвиците со кои се соочивме минатата година, а кои беа предизвикани од
енегетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни
решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на
инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и
дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент,  циркуларна економија и мерки за енергетска
ефикасност, со што ги намаливме емисиите наCO2 за 2,9 отсто во споредба со 2021 година. Нашите
инженери креираа алатка базирана на вештачка инелигенција, која обозможи
намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација.
Остануваме посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на
заедницата“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен диркетор на УСЈЕ.

УСЈЕ инвестира и во изградба на фотоволтаична централа која ќе биде
лоцирана на покривните површини во компанијата, а по нејзиното пуштање во
употреба ќе се заменат 10 отсто од дневната потрошувачка на електрична енергијана УСЈЕ. Преку инвестиција во обновлива
енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2за 3200 тони годишно.Придонес
кон поголема декарбонизација дава и зелениотЕКО Цемент(CEM IV/B V-P 42,5 N) сопомало количество клинкер, а
уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25%.

Согласно својата определба за општественаодговорност, УСЈЕ продолжува со
натамошна имплементација и спроврдување на ЕСГ стандардите базирани на четири
столба и тоа: декарбонизација и дигитализција, работно опкружување што
овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите.
УСЈЕ ја продолжува соработката со заедницата во насока на поттикнување на
развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти
вложени се околу 10 милиони денари.

Цементарница УСЈЕ работи по
највисоките стандарди во областа на животната средина. Компанијата има
Интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите од истата, во работењето применува
најсовремени технолошки пракси од областа. Истворемено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена
во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни
институции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy