Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Удри“ по џебот на фирмите, опомени за граѓаните: Еден месец од забраната за фрлање ѓубре ноќе
Македонија

„Удри“ по џебот на фирмите, опомени за граѓаните: Еден месец од забраната за фрлање ѓубре ноќе

20/12/2025

AA

Еден месец по стапувањето на сила на одлуката за забрана на фрлање отпад во доцните часови, билансот е јасен: десетици правни лица заработија „солени“ казни, додека граѓаните засега поминуваат само со опомени.

Од Град Скопје за МРТ информираат дека инспекторите на терен строго го санкционираат непочитувањето на забраната за одлагање отпад во периодот од 22:00 до 06:00 часот.

Најголемиот удар го чувствуваат компаниите. За правните лица кои се фатени како несоодветно одлагаат отпад, изречени се казни кои започнуваат од 1.800 евра, а во зависност од прекршокот достигнуваат и до десетици илјади евра.

За разлика од фирмите, физичките лица (граѓаните) сè уште не се парично казнети.

Скопските градоначалници оценуваат дека дисциплината кај граѓаните е видлива, но предупредуваат дека системот мора да се подобри. Ставот на дел од челниците на општините е дека „прво треба да се создадат услови каде да се депонира отпадот, а потоа да се изрекуваат казни“.

Општините веќе преземаат чекори:

Иако повеќето се придржуваат до одлуката, дел од граѓаните реагираат на временското ограничување. Според нив, казниво треба да биде само фрлањето ѓубре надвор од контејнерите, додека времето на фрлање треба да биде флексибилно, во зависност од обврските на луѓето.

Долгорочната цел на овие мерки е одлагањето на отпадот да се стави во правна рамка, а на ѓубрето во иднина да се гледа како на ресурс, а не само како проблем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата

03/08/2026
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44823
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026

На 02-08-2026 година во 23,05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишен од слобода е М.П.(21) од Охрид по

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото удрил во паркиран Голф!

03/08/2026

На 03.08.2026 година во 04.15 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е А.Х.(39) од Кичево. Тој, на улицата „Прилепска“

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата за 24 часа, километарски колони

03/08/2026

Интензивниот летен бран и зголемената фреквенција на патници предизвикаа сообраќаен метеж на јужната граница. Според последните податоци од Министерството за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy