
УДАРИ НА ГРОМ, ПАДНАТИ ДРВЈА ВО СРБИЈА: Евакуирани се пет воспитувачки од градинка
Евакуирани се пет воспитувачки од градинка во Србија, каде попладнево имаше невреме.
Припадниците на Секторот за вонредни состојби на српската полиција во текот на денот евакуирале 10 луѓе поради две интервенции предизвикани од невреме и обилни врнежи, односно пет воспитувачки од градинка во Љиг, пет луѓе од возило во селото Кључ кај Мионица.
Имало пожари по удари на гром во Суботица, Врање и Уб. Пожарникарите-спасувачи им помагаат на граѓаните и во отстранувањето на паднатите дрвја во Зајечар, Књажевац, Ужице, Чачак и Лесковац, како и отстранување на делови од лимена покривна конструкција во Чуприја и Неготин. Невреме денеска имаше и во Словачка.
