Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Убиен еден од напаѓачите на косовската полиција во селото Бањска
Регион

Убиен еден од напаѓачите на косовската полиција во селото Бањска

24/09/2023

AA

Косовската полиција соопшти дека, според досегашните информации, убиен е еден од напаѓачите кои се судрија со нејзините припадници во селото Бањска.

Косовската полиција на својот официјален профил на Фејсбук објави дека ситуацијата на северот на Косово, во селото Бањска, се уште е тензична и дека, како што се наведува, криминални групи одвреме-навреме со огнено оружје ги напаѓаат полициските единици на терен.

„Полициските единици, согласно ситуацијата и опасноста од спорадични напади на криминални групи, во одбрана на себе и на граѓаните од областа, беа принудени да реагираат на криминални групи, каде според досегашните информации, еден од напаѓачите се убиени“, се вели во соопштението.

Косовската полиција наведува дека значителен број професионални напаѓачи се маскирани и облечени во различни униформи, дека се вооружени со тешко оружје, пиштоли и имаат оклопно возило.

Приштинските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека во нападот врз припадниците на косовската полиција загинале четворица напаѓачи, а не е исклучена можноста напаѓачите да биле членови на „Вагнер групата“, но агенцијата Бета не можела да добие потврда на оваа информација од институциите.на Косово.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на прес-конференција прикажа снимка од луѓе вооружени со тешко оружје, кои со шест возила без регистарски таблички и едно оклопно возило, во маскирни униформи, влегле во манастирот Бањска каде се уште се присутни.

Тој рече дека биле опколени од припадници на специјалните сили на косовската полиција и ги повикал да се предадат.

Непосредно пред соопштението на косовскиот премиер, Рашко-призренската епархија соопшти дека група вооружени, маскирани лица со оклопно возило влегле во манастирот Бањска, при што ја скршиле заклучената манастирска капија.

На обвинувањата на Приштина одговори претседателот на Народното собрание Владимир Орлиќ кој изјави дека Курти „веднаш прв брзал да ги обвини Србите“, а попладне се очекува да зборува и претседателот на Србија Алексанр Вучиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СО „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГОВАРАШЕ ЗА МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ Во фокус

02/11/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите

02/11/2026
Македонија

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Вакцинирајте се, а ако

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46521
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата на Наумов ја чинеле Македонија

02/11/2026

Писмата што поранешниот функционер на СДСМ Кире Наумов ги испраќал до странски банки и меѓународни финансиски институции ја чинеле Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат рокови, вработените ќе можат да

02/11/2026

Секоја здравствена институција треба да добие јасни задачи, одговорности и рокови за подобрување на здравствената заштита, предвидува националниот план што

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена на еманципацијата на Ромите

02/11/2026

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy