Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсени пет возачи од Куманово и Крива паланка, возеле пребро или биле пијани
Магазин

Уапсени пет возачи од Куманово и Крива паланка, возеле пребро или биле пијани

14/04/2025

AA

Вчера, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик.

М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Кај Ј.Н. (50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Додека, А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ

11/10/2026
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ВРНЕЛО ВО ПРЕТОР И ВО ОХРИД Најниска температура измерена

11/10/2026
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46106
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски од Прилеп порача дека Македонија

11/10/2026

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ КАТЛАНОВО-СКОПЈЕ Полицијата го привела на

11/10/2026

Лишен од слобода е возач од Босна и Херцеговина, кој возел 164 километри на час на место каде што дозволената

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка од Мицкоски за празникот

11/10/2026

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy