Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен уште еден напаѓач од М-НАВ, ќе се бара притвор и за него!
Македонија

Уапсен уште еден напаѓач од М-НАВ, ќе се бара притвор и за него!

12/01/2024

AA

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.

Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд.

За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител во текот на денешниот ден беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за истиот настан. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41555
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло се кренал и кај другите

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy