
Уапсен скопјанец, искршил врата и прозори на зградата на општината Шуто Оризари
На 28.02.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје, по претходна пријава дека со употреба на тврд предмет оштетил влезна врата и скршил повеќе стакла од зградата на општината Шуто Оризари.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
