Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата за бегањето од темата Груби
Македонија

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата за бегањето од темата Груби

01/03/2026

AA

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, жестоко го критикуваше СДСМ, истакнувајќи дека партијата се занимава со „театар и циркузи“ наместо со суштинска борба против корупцијата и криминалот.

– Времето покажува дека на СДСМ – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали се работи за местење на тендери или продавање на државата – истакна Петрушевски.

Тој нагласи дека, наместо да го поздрави чинот на справување со незаконити дејствија и фаќање на лица кои бегаат од правдата, СДСМ „секојдневно создава приказни“.

– Очигледно е зошто го прават тоа. Веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно, во што сѐ шурувале – рече Петрушевски.

Тој потенцира дека актуелното раководство на СДСМ, вклучувајќи ги Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, секојдневно „кажуваат приказни за театар, циркузи“, а избегнуваат суштината: решителна борба со криминалот и корупцијата.

– Но, вистината е една, професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува дека борбата со корупцијата и криминалот е сега решителна – додаде Петрушевски.

Тој заклучи дека за СДСМ она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив сами, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се фокусира на борбата со корупцијата, криминалот и поставувањето здрави темели на владеење на правото.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски ѝ одговори на бугарската министерка: Македонците се Македонци, тоа

11/05/2026
Македонија

Муцунски имал само „кратка размена на зборови“ со бугарската колешка

11/05/2026
Македонија

ДИК одобри над 107 милиони денари за изборните органи во

11/05/2026
Македонија

Внимавајте: Метео аларм за силен ветер, можни удари над 80

11/05/2026
Македонија

Д-р Сања Пановска доби признание на фестивалот „Јаков од Камена

11/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

11/05/2026
Македонија

ДКСК се поднови, Катерина Зајковска е новата антикорупционерка

11/05/2026
Македонија

Ана Дангова Хуг предложена за судија во Стразбур со едногласна

11/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски ѝ одговори на бугарската министерка: Македонците се Македонци, тоа е прашање на почит

11/05/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавите на неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека меѓу нив

Муцунски имал само „кратка размена на зборови“ со бугарската колешка Петрова Чамова

11/05/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил вели дека во однос на изјавата на мојата нова бугарска

ДИК одобри над 107 милиони денари за изборните органи во 11 општини со блокирани сметки

11/05/2026

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на надоместоците за членовите на општинските изборни комисии (ОИК)

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy